Новости

Шоубиз

Ѕверка се враќа во ,,Сексот и градот”!

Крис Нот, познат по улогата на Ѕверка од ,,Сексот и градот”, повторно ќе го гледаме на екраните.

Продолжението на оваа најпопуларна серија, повторно ќе ја следи приказната на Кери и нејзините пријателки Миранда и Шарлот. Од друга страна, многу од фановите се разочарани поради одлуката улогата на Саманта воопшто да не се појави во продолжението наречено ,,…And just like that”.

Актерката ја одбила оваа работа, а дополнително разочарување беа и гласините дека и Ѕверка ќе отсуствува од епизодите. Но, ова е големо изненадување за гледачите и HBO со сигурност тврди дека актерот повторно ќе биде во игра. Тој потпишал договор, а дали ќе биде присутен во сите 10 епизоди и што ќе се случи со Кери и Ѕверка, останува да почекаме. Ок, добра вест, но без Саманта?

GOLD
To Top