Новости

Шоубиз

Ќерката на Илон Маск побара промена на името и раскинување на секоја врска со познатиот богаташ

Трансродовата ќерка Илон Маск поднела барање до судот за промена на името, во согласност со новиот родов идентитет и затоа што, како што пишуваат медиумите, таа повеќе не сака никако да биде поврзана со својот биолошки татко.

Барањето во април беше испратено до Високиот суд во Лос Анџелес, а неодамна информацијата стигна и до медиумите.

Ксавиер Александар Маск неодамна наполни 18 години, па на суд побара промена на признавањето пол, од машко во женско, промена на името, според судските документи достапни на веб-страницата PlainSite.org.

Мајка на девојчето е Џастин Вилсон, којa се разведе од Маск во 2008 година.

Кавгата меѓу таткото и ќерката се уште не е објаснета. Прашањата на Ројтерс до адвокатот на Маск и Тесла се уште не се одговорени.

Околу еден месец откако неговото дете поднесе барање за промена на името и полот, Маск рече дека ја поддржува Републиканската партија, чии претставници ги поддржуваат законите кои ќе ги ограничат правата на трансродовите лица.

„Апсолутно го поддржувам трансродизмот, но сите овие заменки се естетски кошмари“, напиша Маск на Твитер во 2020 година.

Евротип
SNBROKER
To Top