Новости

Шоубиз

Џеки Чен снимил порно филм, Џастин Бибер бил во затвор, а Шварценегер се сликал гол за геј магазин – кои се холивудските ѕвезди со скандалозно минато пред да станат популарни?

The one and only – Чарли Шин го прекршил законот многу пати. Меѓу другото, Чарли бил апсен поради семејно насилство во 2009 година.

Џеки Чен бил дел од порно индустријата. Тој снимил порно филм пред да почне да заработува големи суми на холивудско богатство. Тоа било кога тој имал 21 година, а во филмот глумела една од најголемите порно ѕвезди во 60тите. Џеки Џен вели дека не срами од оваа негова „црна дамка“. Па не му останува ништо друго, штом не може да ја избрише.

Џастин Бибер возел во алкохолизирана состојба, без возачка дозвола, а воедно давал и отпор кон полицијата и не сакапл да е апсен. Џастин има бројни прекршоци, но изгледа неговата надменост во однос на популарноста придонесува да биде чест посетител во полиција.

Силвестер Сталоне

И Сталоне не бил баш добро момче или имал тежок пат до врвот. Тој, по појавувањето во порно филм во 1970 година, заработил точно 200 долари, па потоа му се псреќило на подостоинствен начин.

Познато е за „дивиот“ живот на Линдѕи Лохан . Низ бројните лудории, таа ја прекршила условната казна во 2013 година, па морала повторно да го гледа светот од зад решетки.

Мет ЛеБланк

Пред „Пријатели“ и пред Мет да ја постигне светската слава, играл улога во еротскиот серијал со име „The Red Shoes Diaries“. Баш како и неговиот лик Џои, Мет навистина се потрудил за да успее како актер.

И Мел Гибсон возел во алкохолизирана состојба, па бил приведен.

Колин Фарел

Колин не планирал да стане порно ѕвезда, но целиот свет го видел во „голо“ издание кога тој сам се снимил во кревет со неговата тогашна девојка, патем – Плејбој зајачица.

Метју Меконахи  во далечната 1999 година, бил обвинет за поседување марихуана и давање на отпор при неговот апсење во Тексас.

Арнолд Шварценегер

Почетоците на кариерата на Арнолд Шварценегер, се поврзани со порно индустријата. Имено, некогашниот бодибилдер, актер, па дури и политичар, пред да ја изгради неговата холивудска кариера, се фотографирал гол за геј-магазин.

 

Парис Хилтон има скандалозен живот кој е доста примамлив за папараците. Таа е казнета за нудење дрога на други и за користење на истата. Во Лас Вегас пред неколку години, Парис била приведена од полицијата поради поседување на кокаин.

 

 

GOLD
To Top