Џејсон Момоа се разведува!

Џејсон Момоа и Лиза Бонет решија да стават точка на нивниот брак. Имено, актерот во средата објави заедничко соопштение за медиумите на својот Инстаграм, бидејќи неговата поранешна партнерка не ја користи оваа социјална мрежа. „Сите го почувствувавме притисокот и промените на овие трансформациски времиња… Револуцијата се случува и нашето семејство не е исклучок… во светлината на тектонските пресврти што се случуваат“, се вели во соопштението. „И така, ве известуваме дека се разведуваме.“
„Ние ја споделуваме оваа вест не затоа што мислиме дека е достојна за внимание, туку да поминеме низ ова достоинствено и искрено додека ги живееме нашите животи“, може да се прочита подолу. „Љубовта меѓу нас продолжува, се развива како што сака. Се ослободуваме еден од друг за да бидеме она што учиме да станеме… ˮ
На крајот, актерот го напиша следново: „Нашата непоколеблива посветеност на овој свет живот и на нашите деца. Поучување за тоа што е можно. Животот во молитва. Нека преовладува љубовта. J & Lˮ. Двојката повеќе не се огласи во врска со разводот.
Поранешните партнери стапија во врска во 2005 година, откако заеднички пријатели ги запознаа во џез клуб.
Ивор: People
