Новости

Шоубиз

120.000 евра за седум дена на Ибица: Ѕирнете во вилата во која Меган го прослави роденденот

Иако британските медиуми речиси секојдневно ги критикуваат за премногу трошење пари, се чини дека принцот Хари и неговата сопруга Меган не се грижат многу за тоа.

Познато е дека тие неодамна, по повод 38-иот роденден на војвотката, престојуваа на Ибица, а сега е откриено и колку издвоиле за ова патување.

Имено, британските медиуми објавија дека кралската двојка заедно со нивниот син минале шест дена во луксузна вила која во екот на сезоната чини 120.000 евра, пишува „Азра“.

Станува збор за сместување во кое добивате приватен менаџер, вратари, дадилки, лични тренери и инструктори за јога и безбедност.

 

 

 

FOTO: Tviter/Printskrin

GOLD
To Top