Новости

Шоубиз

20-то финале на ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ

Утре, САБОТА (8-ми декември) во Скопје ќе се одржи финалната вечер на ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ кој го слави својот голем 20-ти јубилеј и тоа за прв пат во Арена „Борис Трајковски“, целосно трансформирана за да ги пречека над 10-те славни музички имиња на дури три бини и со илјадници посетители. Влезот за посетителите ќе биде отворен во 19:00 часот, а почетокот на маратонската 8-часовна музичка програма е закажан во 20:00 часот.

На главната бина на ТАКСИРАТ, за прв пат македонската публика ќе има прилика да ги погледне настапите на eден од најпосакуваните бендови на современата сцена, шведската инди-рок група MANDO DIAO и легендарниот австралиски drum’n’bass феномен PENDULUM кој доаѓа со својот фуриозен диџејски сет. Покрај нив, светски концерт каков што не сме навикнати да очекуваме од македонски изведувачи, подготвуваат нашите металкор легенди SMUT, а главната бина ќе ги пречека и славните изведувачи познати по своите незаборавни настапи NOUVELLE VAGUE, ДУБИОЗА КОЛЕКТИВ, THERAPY и Културно Уметнички Работници.

GOLD
SN Finansii
To Top