Новости

Шоубиз

93-то издание на Оскарите – Клои Жао влезе во историјата како прва азиска најдобра режисерка

Овогодинешното издание на Оскарите, беше многу поинакво па со оглед на пандемијата номинираите прошетаа на црвениот тепих и ја почитуваа физичката дистанца, но сепак не носеа заштитни маски.

Како и минатата година, немаше домаќин, па церемонијата ја отвори режисерката и актерка Реџина Кинг.

Триесет години откако беше награден со Оскар во „Кога јагнињата ќе стивнат“, Ентони Хопкинс ја доби втората статуетка за најдобра главна машка улога – за улогата во „The father“.

Хопкинс со тоа стана најстариот добитник на Оскар на 83-годишна возраст, а Британецот Даниел Калуја, го освои Оскарот за најдобра споредна машка улога во филмот „Judas and the Black Messiah“.

Ова беше голема вечер за Филмот „Nomadland“(Земја на номади), во режија на Клои Жао кој освои три Оскари – за најдобар филм, најдобра режија и за главната актерка Франсис Мекдорманд.  Клои Жао е втора жена што освои Оскар за режија, а Франсис Мекдорманд стана третата актерка во историјата со три златни статуетки.

Британската актерка, сценарист и режисер Емералд Фенел ја доби наградата за најдобро адаптирано сценарио и го освои Оскарот за најдобро оригинално сценарио за филмот „ Promising Yong woman“ (Надежна млада жена), кој исто така го режираше.

За улогата во филмот „Минари“ Ју Џунг Јун, беше наградена со Оскар за најдобра споредна улога.

Заблагодарувајќи му се на Бред Пит што го прочита нејзиното име, скромната јужнокорејка додаде: „Како можам да се натпреварувам со една Глен Клоуз. Јас само имав повеќе среќа “.

Наградата за најдобар странски филм отиде во „Another round“ (Уште еден круг) од Данска.

Инаку, оскарите беа доделени во една од големите сали на Унион станицата во Лос Анџелес за да овозможат безбедна церемонија во услови на пандемија.

Драмата за жена која живее во комбе на американскиот запад после доживеана длабока финансиска криза, ја освои главната награда за најдобар филм, додека Клои Жао влезе во историјата како прва азиска режисерка што добила Оскар.

Во својот говор, Клои Жао им се заблагодари на номадите од реалниот живот што нè научија на моќта да бидеме отпорни и да се надеваме.

 

„Манк“, кој имаше најмногу номинации – 10, освои два Оскари – за најдобра сценографија и за најдобра фотографија.

Даниел Калуа ја доби наградата за најдобра споредна улога во филмското остварување „Јуда и црниот Месија“. Интересен беше неговиот говор кој малку не натера да се запрашаме, дали актерот можеби беше од повеќе возбуден:„Среќен сум што сум жив денес. Замислете мајка ми се запознала со татко ми, тие имале секс и еве сега јас сум тука! Ќе славам вечерва!“

Списокот на сит наградени погледнете го овде.

GOLD
To Top