Новости

Шоубиз

BRIT FLOYD доаѓа со продукција од милион долари

Како што се наближува настапот на Brit Floyd во Скопје,од Авалон информираат дека продукцијата за ова големо шоу ќе биде масовна и како што вели Damian Darlington којшто е основач на овој бенд, вредна милион долари.

На 14-ти ноември во ВИП Арената во Скопје ќе бидат поставени околу 100 светла, ласери, како и препознатливиот тркалезен круг, а сето тоа ќе биде синхронизирано со специјална видео анимација која ќе ја има во текот на целото шоу.

Концертот на Brit Floyd во Скопје кој е во рамки на турнејата „Тhe Eclipse world tour“ ќе трае два ипол часа, а членовите на бендот (девет на број) ќе го претстават најдоброто од еден од највлијателните рок бендови на светот на сите времиња.

GOLD
To Top