Новости

Шоубиз

EXIT, следната година започнува фестивал и во Македонија

Организацијата „Егзит“ започнува и фестивал во Македонија планиран за следната година. Ќе му претходи забавата „Get EXITed“ на 7 септември во Струмица.

Наскоро ќе биде објавена целосната листа на изведувачи и локации, како и почетокот на продажбата на првиот контингент билети.

Со новиот фестивал Exit, во 2023 година, ќе го зајакне своето и онака многубројно фестивалско семејство на дури десет члена во осум земји и ќе ја зајакне својата позиција како најголема фестивалска група во Југоисточна Европа.

Тимот на фестивалот вели дека од своето основање овој фестивал има силни врски со нашата земја кои се одржуваат веќе две децении.

„Една од основните визија на овој проект е воведувањето во создавање на нов македонски фестивал следната година, кој ќе стане нова важна туристичка атракција на Балканот“, велат од тимот на Еxit.

Покрај матичниот фестивал, кој традиционално се одржува во Нови Сад повеќе од 20 години, Exit досега има организирано бројни фестивали и големи концерти во Белград, Црна Гора, Романија, Хрватска, Грузија, Босна и Херцеговина, како и во Бугарија.

Евротип
SNBROKER
To Top