Новости

Шоубиз

Питер Галагер се приклучува на актерската екипа во ,,Вовед во анатомија”!

Питер Галагер се приклучува на популарната серија ,,Grey’s Anatomy” или ,,Вовед во анатомија”, во улога на доктор кој ја познавал Алис Греј.
Воедно, Кејт Бартон треба да ја повтори улогата на  д-р Греј во сезоната 18.

Галагер се приклучува на актерската екипа, играјќи го д -р Алан Хамилтон кој ја познавал мајката на Мередит.

Дали Мередит сеуште ќе се бори со Ковид оваа сезона, па и понатаму ќе се прикажува нејзиниот т.н. виртуелен свет на потсвесното и паралелната реалност која во приказната и филмот се одвива на плажа и дали токму таму ќе се појават овие ликови, останува да видиме.

Инаку Grey’s Anatomy се враќа на екраните со сезона 18 на 30 Септември.

Евротип
SNBROKER
To Top