Новости

Шоубиз

Queen објави изгубена песна со Фреди Меркјури

Британскиот бенд Квин објави изгубена песна со покојниот Фреди Меркјури за прв пат по повеќе од осум години.

Песната „Face It Alone“ првично беше снимена за време на изработката на албумот „The Miracle“ во 1988 година, но не влезе во финалната верзија.

Истата беше откриено кога продуцентскиот тим на бендот се врати на тие снимки за да подготви ново издание на тој албум.

Синглот е првата нова песна со Меркјури по „Forever“ од 2014 година, која вклучуваше три досега непознати песни со пејачот насловени како „Let Me In Your Heart Again“, „Love Kills“ и „There Must Be More to Life Than This“.

Поранешниот фронтмен на бендот почина од компликации од СИДА во 1991 година на 45-годишна возраст.

Бендот составен од Меркјури, Брајан Меј, Роџер Тејлор и Џон Дикон е основан во 1970 година и стана познат со песните како што се „Bohemian Rhapsody“ и „We Will Rock You“.

Зборувајќи за „откритието“, Меј рече дека е среќен што снимката е пронајдена и што на неа се слушаат сите четворица членови на бендот.

„Заборавивме на таа песна, но таа беше таму, вистински скапоцен камен. Тоа е прекрасно, вистинско откритие. Тоа е многу страсна песна“, изјави Тејлор.

На 18 ноември бендот ќе го реиздаде својот 13-ти албум „The Miracle“, кој првпат беше објавен во 1989 година.

Албумот, кој ги вклучува песните „I Want It All“, „Breakthru“ и „The Invisible Man“, се искачи на врвот на топ листите во Британија.

Евротип
SNBROKER
To Top