Се разведува синот на Доналд Трамп после 13 години брак

После 13 години брак, синот на Доналд Трамп, Доналд Џуниор и неговата сопруга Ванеса одлучија да стават крај на бракот, пишува „Бостон Глоуб“.
Сликата на среќно семејство Доналд Џуниор се обидуваше да ја одржи заради функцијата на неговиот татко и не сакал со својот развод, семејството да го носи во ситуација уште повеќе да ги критикуваат. Но откако на површина испливала аферата на неговиот татко и порно актерката Сторми Даниелс, тој решил дека повеќе не може да ја чкрие вистината и поднесе документи за развод.
„Планот им беше да останат во брак се додека трае претседателскиот мандат на Трамп, но нивните несогласувања биле се поголеми и Ванеса веќе не можела да трпи тоа што Доналд никогаш не бил дома заради работата во претседателската канцеларија и дека никогаш не се грижел за своите деца“, рекол извор близок на парот.
Доналд Џуниор и Ванеса се венчале во 2005 година и имаат пет деца.
