Новости

Шоубиз

Селин Дион им се обрати на фановите:,,Ако не ви се допаѓа мојот изглед, не ме гледајте!”

,,Не трудете се и не мачете се да ме сликате! Ако ви се допаѓам, тука сум за вас, ако не, не ми досадувајте!” Селин Дион доживеа драстична промена во врска со нејзиниот физички изглед. Очигледно е дека таа има изгубено од повеќе килограми, но зошто е тоа така, никој не знае.

Различните шпекулации ја натераа ѕвездата да се изјасни и да додаде дека таа од секогаш изгледала слаба, но во младоста веројатно нејзиното лице изгледало малку потркалезно,а тоа се случува со секоја девојка. Во тој период и нездравата храна имала удел за таа да изгледа подебела.


,,Сега, вели таа, играм балет, спортувам и се хранам здраво. И како и да е, има луѓе кои стојат зад мене и се грижат за критиките. Човек кој не сака критики, има голем проблем и со себе си и со светот и очигледно е на погрешно место. Овој бизнис е таков. Мора да има и лоши и добри коментари. Јас ги слушам сите и се разбира дека правам промени ако е тоа за мое добро, но сепак се слушам себе си и она што мене ми се допаѓа. А ако вам не ви се допаѓа, не гледајте!”

GOLD
To Top