Новости

Занимливости

Јајцата што содржат фипронил откриени во 15 земји на ЕУ, Хонг Конг и Швајцарија

Петнаесет земји на ЕУ, како и Хонг Конг и Швајцарија добија јајца контаминирани со инсектицидот фипронил, вели Европската комисија.

Комисијата ќе одржи состанок со министрите и регулаторите на 26-ти септември.

Шефот за безбедноста на храната ги повика земјите да престанат да се обвинуваат и засрамуваат едни со други, пренесе Би-би-си.

Се појави расправија за тоа колку долго белгиските и холандските власти знаеле за контаминацијата.

Јајцата, кои главно доаѓаат од Холандија, откриено е дека содржат фипронил, супстанца што се користи за убивање вошки и крлежи кај животните што е забранета од ЕУ за употреба во прехранбената индустрија.

Се смета дека е давана за дезинфекција во некои пилешки фарми.

Затворени се фарми во Холандија, Белгија, Германија и Франција, откако властите потврдија дека е употребен фипронил, изјави денес Даниел Росарио портпаролот на Европската комисија.

Земјите од ЕУ кои ги добија јајцата се Велика Британија, Шведска, Австрија, Ирска, Италија, Луксембург, Полска, Романија, Словенија, Словачка и Данска – заедно со Швајцарија која не е членка на ЕУ и Хонг Конг.

Од Агенцијата за храна на Велика Британија соопштија дека околу 700.000 јајца се испратени од потенцијално загадените холандски фарми, повеќе од првичната проценка на 21.000.

 Извор: www.mkd.mk
GOLD
To Top