Новости

Занимливости

Ќе се испрати „живеалиште“ на месечината

Изгледа Месечината е во фокусот на вселенското истражување во моментов, или барем појдовна точка во мноштвото планови што подразбираат патување низ вселената. Администрацијата на Трамп ги пренасочи приоритетите на НАСА да се посети Месечината пред да се посети Марс.

За таа цел, компанијата „Бигалоу аероспејс“ најавила дека ќе учествува во дизајнирањето на живеалиштето што ќе биде лансирано во вселената до крајот на 2022 година и ќе функционира како Месечево депо. Се дизајнираат два модула кои може да се прошират, како и конфигурациска ракета која ќе го пренесе модулот во ниската Земјина орбита. Потоа модулот ќе се надува, ќе биде наполнет со дополнителна опрема и ќе биде подложен на тестови. Кога ќе биде подготвен, ќе се обезбедат 35 тони гориво за функционирање на ниски температури, па ќе се маневрира до последната локација – ниската Месечева орбита. Месечевото живеалиште може да биде лесно распоредено до 2022 година за да ги обезбеди плановите на нацијата за враќање на Месечината.

САД не се единствените што имаат планови за Месечината. Русија и Кина имаат во план да потпишат договор за повеќегодишно истражување на вселената, што подразбира и Месечево и длабоко вселенско истражување, а Русија работи и со НАСА на проект за креирање Месечева вселенска станица.

Годинава Националната вселенска администрација на Кина и Европската вселенска агенција изразиле желба за остварување соработка за создавање интернационална Месечева база, таканаречена „Месечево село“, до 2020 година. Во секој случај, помина долго време откако човештвото гледаше на Месечината како на место вредно за посета. Може да се заклучи дека овој период е навистина интересен и возбудлив што се однесува до патувањето во вселената.

Извор:факултети.мк

 

 

GOLD
To Top