Новости

Занимливости

Австралија бара работници: Плати и до 10 000 евра а најбарани се овие занимања

Австралија повторно станува ветена земја за Балканците, посебно за оние кои во рака имаат инженерска или медицинска диплома, бидејќи , врз основа на список објавен на австралискиот сајт за визи, токму за овие дефицитарни занимања бараат работници за чиј ангажман се подготвени да платат дури и 10 000 евра.

Покрај земјите од средна Европа, кои се најчести дестинации во кои заминуваат Балканците, како и околните приморски земји кои се резервирани за сезонски работи, Австралија се врати на мапата и стана земја привлечна за многумина од регионот, бидејќи поради брзиот економски развој повторно бара работна сила. 

Медицинарите најпотребни

Покрај медицинските сестри, шанса за работно место ќе имаат и радиолози, радиолошки техничари, физијатри, логопеди и физиотерапевти.

Имено, лекарите со специјализација од некоја гранка на медицина и се потребни на „земјата на кенгурите“ , и ова е шанса за сите офтамолози, клинички хематолози, уролози, ревматолози, специјалисти за тропски болести, хирурзи, кардиоваскуларни хирурзи, ортопеди и онколози.

Шанса за инженерите

Покрај големиот број медицински работници, во Австралија работа може да најдат и луѓе со дипломи од технички струки.

Инженери од сите профили и се потребни на Австралија, а посебно сообраќајни бидејќи сообраќајот е една од гранките на економијата која константно се развива поради развојот на технологијата .

Што треба да знаете

За да најдете работа во Австралија неопходно е вашата професија да биде на листата дефицитарни занимања, при што може да стапите во контакт со работодавци кои ќе ви помогнат процесот со виза да биде олеснет.

Просечната месечна плата е околу 4200 евра, а најплатени се лакарите и стоматолози со различни специјалности чии примања одат и до 10 000 евра месечно, додека околу 8000 евра заработуват иженерите.

GOLD
To Top