Новости

Занимливости

Амстердам воведува забрана за продажба на канабис за туристите

Амстердам размислува да воведе забрана за продажба на марихуана на туристи во кафулињата, додека истражува нови начини за балансирање на квалитетот на животот на локалното население со потребите на туристите.

Овој потег се случи по истражувањето нарачано од градоначалникот Фемке Халсема, во кое повеќе од половина од младите туристи рекоа дека решиле да ја посетат холандската престолнина, бидејќи сакаат да го искусат искуството од кафулиња кои продаваат канабис.

Целта на студијата беше да се откријат најпопуларните причини за туристичките посети и „дали туристите сепак би сакале да го посетат Амстердам ако достапноста на еден или повеќе од овие фактори се намали или исчезне“.

Во последните години, Амстердам се обидува да го реши проблемот со прекумерниот туризмот, бидејќи градот е згрозен од голем наплив  на посетители и туристи, кои лошо се однесуваат.

Околу 57% од анкетираните изјавиле дека кафулињата за канабис се важна причина за доаѓањето во Амстердам, над 30% од испитаниците би доаѓале поретко ако не можат да ги посетат, а 11% никогаш нема да доаѓале повторно.

Анкетата, спроведена во август 2019 година, опфатила 1.100 странски туристи на возраст меѓу 18 и 35 години кои го посетиле Црвениот кварт во Амстердам, област на градот што е во фокусот на најновите туристички регулативи во овој град.

Од 1 април 2020 година, се воведуваат новите мерки за  групни патувања, со забрана на туристичките групи да гледаат низ прозорците на проститутките во Црвениот квартови по 22 часот и да се забрани пристап на „чувствителните“ места како што се тесните мостови.

Сите туристи за навредување би можеле да се соочат со казна од 190 евра.

Евротип
Евротип
To Top