Новости

Занимливости

Аријана Гранде е најследена жена на Instagram

Славната пејачка Аријана Гранде стана најследена женска личност на Instagram, со 146 милиони следбеници. Со тоа ја симна Селена Гомез од престолот, која сега има неколку илјади помалку од неа.

Аријана секојдневно комуницира со обожавателите преку социјалните мрежи и е прилично активна, додека Селена Гомез се повлече и се посвети на приватниот живот.

„Колку и да сум благодарна на тоа што социјалните мрежи им даваат глас на сите, исто така сум благодарна што можам да застанам и да го живеам животот во дадениот момент“, изјави Селена во септември, минатата година.

Фудбалерот Кристијано Роналдо е сè уште најследената личност на Instagram, тој има над 155 милиони следбеници.

 

GOLD
To Top