Новости

Занимливости

Банка за сперма во Вселената би можела да овозможи колонизирање на други планети

Во нова студија од истражувачи од Барселона било откриено дека замрзнатите примероци сперма преживеале кога биле експонирани на микрогравитација, што значи дека можеби се возможни банки за сперма во Вселената кои на идните вселенски патници би им овозможиле шанса за репродукција во вселената, со примероци на сперма донесени од Земјата.

Некои претходни студии сугерираат значително намалување на подвижноста на човечки, свеж примерок на сперма во таквите услови, меѓутоа досега ништо не било објавено во поглед на ефектите кои гравитациските разлики би ги имале на замрзнати човечки гамети (состојба во која би биле транспортирани од Земјата во Вселената).

Студијата имала и недостатоци, како на пример фактот што замрзнатите примероци сперма не биле испратени во вселената туку 10 од нив биле експонирани на 20 изложувања на микрогравитација во траење од по 8 секунди, на малечко специјализирано летало.

Најдобрата опција во идните истражувања би било експериментот да се изведе со користење на вистински вселенски летала, но пристапот во нив е исклучително ограничен.

Научниците сметаат дека доколку бројот на вселенски мисии се зголеми во годините кои што следат и истите траат долго, важно е да се студираат ефектите кои би се појавиле кај луѓето во тие услови и дека е потребно да почнеме да размислуваме за можноста за репродукција не само на Земјата.

GOLD
To Top