Новости

Занимливости

Близначки се родиле со три месеци разлика!

Две девојчиња , близначки, се родени со 97 дена разлика во германскиот град Келн.

Едното бебе е родено на 17 ноември минатата година , а другото на 22 февруари оваа година.

Првото девојче е родено во 26 недела од бременоста и тежело само 900 грама. Второто девојче пак е родено четири дена по терминот за породување и тежело 3,7 килограми.

Мајката Оксана добила породилни болки во 26. недела и тогаш се родило првото девојченце. Откако се родило ова бебе, престанале болките така што докторите решиле второто бебе да не се раѓа тогаш. Иако изгледа неверојатно бременоста течела нормално и по повеќе од три мeсеци се родило второто девојче .

Докторите велат дека оваа неверојатна бременост можела да продолжи зашто жената имала две плаценти , а каналот на матката по раѓањето на првото девојче целосно се затворил.

Првото бебе минало неколку недели на нeонатолошкото одделение во болницата а потоа е пуштена дома. Сега бебињата нормално напредуваат и имаат по 5,7 килограми.

GOLD
To Top