Новости

Занимливости

ВИДЕО: Волшебна вода од Перу: „Палкеља Пукамајо“- река со црвена боја

Кога го истражувате Перу и она што може да го видите во оваа далечна земја, затоа што малкумина имаат можност неколку пати да ја посетат, една од атракциите со кои може да се сретнете е „Палкеља Пукамајо“ позната како Црвена река.

Оваа необична река се наоѓа во областа Куско и може да се види само во сезоната на дождови кога порој на вода го мие речното корито.

Бидејќи областа е полна со железен оксид, водата се појавува во црвена или розова боја, во зависност од делот на потокот и количината на железо во водата.

Текот на оваа „сезонска“ река е долг околу пет километри, кога се меша со останатите реки и ја губи својата необична и карактеристична боја.

Ако некој сака да го посети Перу во периодот во кој може да ја види Црвената река, тој треба да биде подготвен за лизгави патишта, поројни дождови, но и на фактот дека многу други знаменитости нема да бидат достапни за туристите поради временските услови.

https://www.instagram.com/p/Bx4pWhhnVcJ/?igshid=4p0wxe6qldgf

GOLD
To Top