Новости

Занимливости

ВИДЕО: Збунета жена се обидува да тури бензин во тесла модел С

Логично е дека во електричните возила се „тура“ струја, а не бензин, и дека секој возач би требало да го знае тоа. Е па, еве доказ дека барем некој не го знае тој факт.

Можеби заборавила дека вози тесла модел С или пак е несвесна дека тивкиот автомобил вози на струја, една жена сепак сопрела на бензинска пумпа решена да го наполни својот електричен автомобил. Тоа што следувало е пресмешно.

Очигледно незапознаена со автомобилот, жена зилегува и збунето почнува да го бара отворот за бензин. По околу 45 секунди залудна потрага, таа успева да отвори капаче и веднаш се фаќа за кредитната картичка за да плати за бензинот. Она што не го знае е дека наоѓањето на „отворот за бензин“ е полесниот дел.

Како што би направиле со секој автомобил со мотор со внатрешно согорување, таа се обидува да го стави „пиштолот“, но тој, нормално не одговара. Тесла модел с има приклучок, а не отвор за гориво. Очигледно дополнително позбунета, жената продолжува да го проучува приклучокот пред да реши дека најверојатно има друг отвор каде што се тура бензинот. Таа дури го отвора багажникот, пред да се јави на телефон, најверојатно за да побара помош.

Присутните лесно можеле да остават сцената непречено да се одвива (и никој не би им замерил), но сепак еден маж решава да помогне и ѝ кажува на жената каде греши.

Tesla in Gas station

三寶:奇怪,這輛特斯拉要怎麼加油呢?(影片來源:網路)#電動車 #加油站電瓶沒電只是其中之一!外媒整理出 10 個汽車無法發動常見原因http://auto.ltn.com.tw/news/11476/7連機車格都能停!這款都會小車好停車的關鍵在……http://auto.ltn.com.tw/news/11474/3

Gepostet von 自由時報汽車頻道 am Sonntag, 16. Dezember 2018

GOLD
To Top