Новости

Занимливости

ВИДЕО: Метеоритот кој ноќта ја претвори во ден

Камерата од автомобилот на еден возач успела да го сними моментот кога метеоритот поминал низ Земјината атмосфера и создал огромна огнена топка која го осветлила небото над италијанскиот остров Сардинија.

Моментот го фатил возач кој во петокот патувал во близина на Торе Гранде на тој медитерански остров.

На видеото може да се види како огнена вселенска карпа брзо се шири откако избила низ Земјината атмосфера, осветлувајќи ја така целата природа.

Опсерваториумот на Ибица го снимил метеоритот од друг агол.

GOLD
To Top