Новости

Занимливости

ВИДЕО: Новинар за влакно се спаси од сигурна смрт на хокеарски натпревар

Пјер Мегваер, спортски новинар на NBC, од вчера одбележува уште еден роденден.

На хокеарскиот натпревар меѓу Тампа Беј и Колумбус во NHL лигата летна пак и за влакно му ја промаши главата. Со тоа новинарот се спаси од сигурна смрт.

Пакот тежи само 17 декаграми, но лета со брзина и до 170 километри на час. „Обичните смртници“ немаат шанса ни да изреагираат кога овој „куршум“ лета кон нив со молскавична брзина. Ова не е метафора, бидејќи пресметките покажуваат дека пакот „испукан“ со хокеарска палка се движи со иста брзина како куршум испукан од пиштол.

Откако на натпревар во Колумбус во 2002 година загина навивачката Британи Никол Сесил два дена пред нејзиниот 14-ти роденден – досега единствената жртва на трибините во NHL – покрај оградата од плексиглас, околу теренот беа поставени и задолжителни заштитни мрежи.

Но, клупите останаа незаштитени, а токму таму беше Мекваер кога на неколку сантиметри од неговата глава пролета пакот и удри во камерата.

„Сето тоа е дел од работата“, искоментира новинарот по „блиската средба со смртта“.

GOLD
To Top