Новости

Занимливости

ВИДЕО: Снимени последните моменти на планинари на Хималаите: Преоѓале преку опасен гребен, се слушнала бука и само исчезнале

Индиските власти објавиле снимка која ги прикажува последните моменти на планинари чии тела неодамна биле пронајдени на Хималаите, а се претпоставува дека настрадале во лавина.

Група од четири Британци, двајца Американци и Австралијка се обиделе да го освојат врвот Нанда Деви, кога се случила несреќата.

По нивните тела се трагало еден месец, а ги забележал хеликоптер на 3-ти јуни. Во групата првобитно биле 12, но четворица Британци успеале да ја избегнат лавината. По водичот на експедицијата, Мартин Моран, и натаму се трага.

Под снегот, на висина од околу 6.000 метри, пронајдена била “GoPro” камера, која ги забележала нивните последни мигови.

На снимката од речиси две минути се гледаат четворица Британци, двајца Американци, Австралијка и Индиец, како по сончевото време се искачуваат кон врвот.

“Наеднаш слушнавме бука, тогаш видеото престана. Минувале низ опасен гребен. Снегот веројатно реагирал на нивната тежина, што ја предизвикало лавината”, рекол Вивек Кумар Панди од полицијата.

 

GOLD
To Top