Новости

Занимливости

Ватикан планира да го ограничи бројот на посетители

Ватиканскиот музеј ја разгледува можноста да го ограничи бројот на посетители поради стравувањето на туристичките водичи дека премногу луѓе може да резултираат со стампедо, доколку не се донесат промени во сигурносните одредби, пишува Гардијан.

Музејот има 54 галерии во кои е сместено непроценливо богатство собирано во текот на неколку столетија, поради што привлекува повеќе од шест милиони луѓе годишно. Но, за разлика од други туристички атракции, Ватикан нема ограничување на бројот на посетители.

Водичите велат дека секој ден во музејот свест губат најмалку десет посетители, бидејќи редицата луѓе бавно се движи низ тесните и долги ходници, кои водат до најголемата атракција Сикстинската капела. Други пак, добиваат напад на паника или клаустрофобија. Во февруари годинава еден посетител е спасен откако доживеал срцев удар.

Најлоши се условите во летните месеци, кога дневно има повеќе од 30.000 посетители и кога температурите ќе се искачат до 40 степени Целзиусови. Климатизација има единствено во Сикстинската капела.

Зградата на музејот има само неколку излези за итни случаи, но во повеќе од еден километар долгиот ходник кој води до капелата има само два излези.

GOLD
To Top