Новости

Занимливости

(Видео) Германците се чудат – зошто Балканците секогаш носат тренерки?

Германската телевизија NDR со седиште во Хамбург сними видео прилог во Подгорица, Црна Гора за љубовта на Балканците за носењето тренерки. И не само за носењето тренерки, туку и за тоа што ги носат блузите внатре во тренерките.

„Големото враќање на тренерките“ е името на прилогот кој алудира на враќањето на трендот од деведесетите.

Иако Балканците носат тренерки затоа што во нив се чувствуваат пријатно, на Германците им е чудно што тренерки се носат скоро во секоја прилика.

Германците ги анкетираа Црногорците. Додека едни сметаат дека тој начин на облекување е одраз на некултура, други не гледаат ништо лошо во тоа.

Откако е објавена снимката, се покрена лавина коментари на социјалните мрежи.

GOLD
To Top