Новости

Занимливости

(Видео) Куче „влета“ среде концерт во античкиот театар во Ефес, Турција

Се течеше како под конeц за време на концерот на Виенскиот камерен оркестар во античкиот театар во Ефес, Турција, се додека едно улично куче не го „украде шоуто“.

Кучето влета на сцената среде изведба на Италијанската рапсодија од Менделсон добивајќи силен аплауз од публиката.

Очигледно музиката премногу му се допадна, па си фати удобна позиција и си легна веднаш до првата виолина.

 

GOLD
To Top