Новости

Занимливости

(Видео) Најголемата Божикна елка светна во мало италијанско гратче

Речиси три децении Губио, мало средновековно гратче во италијанскиот регион Умбрија, го држи Гинисовиот рекорд за најголема Божикна елка на светот.

Божиќната елка е висока 750 метри на планината Ингино за прв пат беше осветлено во 1981 година и секоја година од тогаш светлата се палат на 7-ми декември и се гасат на 6-ти јануари. Создадена е во чест на локалниот покровител Свети Убалдо, атракција што беше признаена во 1991 година од Гинисовата книга на рекорди како најголема новогодишна елка во светот, рекорд што никој не може да го собори.

Група локални доброволци наречени Албераоли се задолжени каблите и илјадниците светла да работат правилно. Годинава, тие мораа да проверат повеќе од 8,5 километри кабли и повеќе од 3000 светла – само ѕвездата на врвот на дрвото има 1350 светилки, пренесува Oddity Central.

Од 2010 година, електричната енергија за светилките за елката се произведува од соларни панели.

Извор

GOLD
To Top