Новости

Занимливости

Возењето велосипед е нешто најблиску до летањето – 16 јули светски ден на велосипедизмот

Робин Вилијамс на прашање од wall street journal зошто толку многу сака да вози велосипед едноставно одговорил „затоа што возењето велосипед е нешто најблиску до летањето“. Па затоа, денес, 16 јули Светскиот ден на велосипедизмот, ајде да ги оставиме автомобилите и да практикуваме култура на возење велосипед. И тоа не само денес, туку секој ден.

Велосипедот не воодушевува од првото појавување во 1817 па досега едноставно затоа што возењето велосипед е најубавата работа на светот, тоа е нешто во што лудо се вљубуваш, нешто без што не можеш, нешто со што се чувствуваш најслободно на свет. (видете и нешто друго оттука ако најдете интересно) 

За возење велосипед не ви треба посебна дозвола, годините не се ограничување, најмалку полот или пак животниот стил или статус.

Дефинитивно, нема подобро превозно средство од велосипед, за на работа, за прошетка, за на кафе со пријателите, за на факултет… велосипедот е најдоброто нешто што може да му се случи на еден човек.

GOLD
To Top