Новости

Занимливости

Германскиот е најпопуларен јазик на Балканот, во светот доминира англискиот

Апликацијата Duolingo е една од најпопуларните алатки за учење на јазици, а неодамна беа објавени податоци за јазиците кои најмногу се изучуваат во одредени краеви од светот. На Балканот, како и обично, најпопуларен јазик за учење останува германскиот.

Оваа апликација ја користат повеќе од 120 милиони луѓе од сите делови на светот, а Duolingo редовно објавува податоци за популарноста на јазиците во поедини земји.

Уште на прв поглед, мапата објаснува многу. За разлика од најголемиот дел од Европа, на Балканот најмногу се изучува германски, а веднаш зад него се шпанскиот и италијанскиот јазик.

Остатокот од Европа, со исклучок на Балканот и Скандинавските земји, најмногу го изучува англискиот јазик. Тој скоро секаде е гледан како јазик на иднината и мотивацијата за учење на англиски јазик кај луѓето (посебно младите) е во тоа што многу полесно можат да се преселат или да се вработат со неговото владеење.

Duolingo објави статистика која открива дека англискиот јазик е најпопуларен дури во 116 земји, додека францускиот е на првото место во 35 земји. Шпанскиот јазик е најизучуван во 32 земји, а германскиот само во девет, и тоа сите се земји од Балканот.

GOLD
To Top