Новости

Занимливости

Голем број астероиди потекнуваат од 5 уништени света

Во почетокот, Сончевиот Систем бил облак од вселенска прашина и гас, за потоа студените температури да предизвикаат колапс на неговиот центар, формирајќи го Сонцето.

Новородената ѕвезда почнала да испраќа светлина и топлина во дискот прашина по што се создале планетите, креирајќи го Сончевиот Систем кој го знаеме денес.

Со години се сметало дека астероидите биле остатоци од формацијата на планетите, парчиња материјал кој не се оформил во големина на планета, но според најнова студија, многу е веројатно овие парчиња некогаш да биле дел од други светови.

Огромен дел од половината милион астероиди од астероидниот појас би можеле да се „шрапнели“ од околу 5 тела наречени „планетезимали“.

Заплетканите орбити на овие изгубени светови значело дека биле осудени да се судираат, создавајќи фрагменти кои исто така се судирале и создавале уште помали фрагменти во катаклизмична каскада која трае повеќе од 4 милијарди години.

Стенли Дермот, астроном од универзитетот во Флорида и авторот на оваа студија, со неговите колеги ги анализирале податоците во врска со динамиката на телата во внатрешниот астероиден појас со надеж дека ќе ја откријат причината поради која објектите го напуштаат појасот и потенцијално летаат кон Земјата. Тие забележале нешто чудно во врска со многуте големи астероиди: нивните орбити биле навалени во однос на рамнината на остатокот од Сончевиот Систем. Причината за тоа сметаат дека е удар од одреден агол во поголем астероид чиј дел биле тие.

Научниците од порано знаеле дека околу половина од астероидите од појасот припаѓаат на 5 „фамилии“, но резултатите од последната студија сугерираат дека таа бројка можеби е и 85%.

GOLD
SN Finansii
To Top