Новости

Занимливости

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Најновата студија покажува дека мажите се понаклонети кон одвраќањето на внимание зад воланот во споредба со припадниците на понежниот пол.

Истражувањето кое го спроведе Smith’s Lawyers опфатило 2,214 американски возачи на возраст од 18-65 години, а дури 70% од нив вршеле некоја друга активност зад воланот која што им го одвлекувала вниманието од патот.

Резултатите јасно покажале и кој пол е повеќе наклонет кон фактори кои го ометуваат возењето. Како што е откриено, мажите за 22% повеќе го користат својот паметен телефон додека се зад воланот, и 74% почесто го вртат воланот со помош на колената, во однос на жените.

Мажите исто така во 70% од случаевите повеќе гледаат видеа во однос на жените за време на возењето, а значително се понеодговорни кога станува збор за односот кон пешаците. Така, жените обрнуваат далеку повеќе внимание на пешаците, за разлика од мажите.

Американската национална агенција за безбедност на патиштата наведува дека ризикот од сообраќајна несреќа се зголемува и до 80% кога возачот јаде или пие сок додека вози, а причина за дури 65% од сообраќајките била токму оваа активност.

GOLD
To Top