Новости

Занимливости

Дал отказ, а последниот ден решил да го одработи облечен како „Спајдермен“

Банкар од Сао Паоло, дал отказ па решил својот последен работен ден да го помине така што ќе остане запаметен. Овој Бразилец облекол костим на „Спајдермен“ и така дошол во банката на своето работно место.

Работел во делот каде што се врши анализа, па клиентите не го виделе. Сепак, ги забавувал своите, сега веќе поранешни колеги, кои се потрудиле целиот свет да го види „Спајдермен во банка“.

На социјалните мрежи покрај фотографиите се појави и видео од последниот работен ден на овој банкарски службеник.

GOLD
To Top