Новости

Занимливости

Денес е Светскиот ден на насмевката

Уште во 1963 година Харви Бол, уметник од Масачусец, создаде икона без која не можеме да ја замислиме денешната преписка на мобилните телефони или компјутерите – роден е смајли. Но, како што поминувале годините Харви станал загрижен за се’ поголемата комерцијализација на неговиот симбол и така дошло до идејата за одбележување на „Светскиот ден на насмевките“. Сметал дека сите ние треба да посветиме барем еден ден од годината на насмевките и добрите дела.

Смајлито не познава политика, ни географија, ниту пак религија. Неговата идеја била дека барем еден ден во годината не би требало ни ние. За Светски ден го прогласил секој прв петок во месец октомври. Од 1999 година овој ден се прославува насекаде низ светот.

Познато е дека насмевката, или уште подобро смеењето на цел глас, носи серии бенетики за здравјето на човекот. Го намалува крвниот притисок, го произведува „хормонот на среќата“ ендорфин, служи како мини вежба за стомачни мускули и го намалува нивото на стрес. Накусо смеењето го прави светот подобро место за живеење.

GOLD
To Top