Новости

Занимливости

Директорот на ИКЕА еднаш годишно се претвора во обичен работник

Освен по своите уникатни парчиња мебел, ИКЕА е позната и по тоа што во последниве две години на нејзино чело стои човек со чувство за бизнис кој ги скрши стереотипите за тоа што треба, а што не треба да прави еден директор.

Џеспер Бродин, главниот извршен директор на култната шведска компанија за мебел ИКЕА, на својот профил на LinkedIn објави фотографија на која се гледа како облечен во кујнска престилка подготвува оброци во кујната на ИКЕА.

Секоја година, сакам да бидам сигурен дека ќе одвојам време за неколку дена да работам во нашите кујни. Многу ми е значајно да ја согледам реалноста на нашите вработени и клиенти што е од голема важност за нас како компанија, стои во објавата.

 

Инаку, првото работно место на Џеспер Бродин е мијач на садови во еден ресторан во Готенбург.

Џеспер Бродин е дел од ИКЕА повеќе од 16 години, а својата кариера во компанијата ја започнал како Бизнис менаџер во одделот за храна.

Од септември 2017 година, тој ја извршува функцијата главен извршен директор на цела групација.

Извор: vrabotuvanje.com.mk

GOLD
To Top