Новости

Занимливости

Дознајте зошто во хотелските соби никогаш нема да добиете паста за заби

Иако хотелската понуда во однос на козметиката во изминатите години се прошири, една работа и понатаму нема да ја најдете во хотелските бањи.

Пастата за заби останува главна мистерија, а новинарот Даниел Енгбер истражувал зошто таа не може да се најде во хотелската понудена козметика.

Станува збор за необична комбинација – гостите во хотелот не ја бараат доволно често па сопствениците со цел да заштедат што е можно повеќе, не сакаат да трошат на паста. Во хотелските регулативи пастата се третира поинаку од сапунот и останатите козметички потреби, па и нејзината набавка е доста поскапа.

Некои хотелиери истакнуваат дека не постојат скапи и луксузни брендови на пасти за заби, па така гостите по ова прашање нема на што да се восхитуваат.

-Во скапите хотелски соби нема пасти за заби бидејќи тие не се доволно скапи. Во евтините соби нема бидејќи е прескапа, пишува порталот Браво кој исто така се занимавал со оваа проблематика.

„Никој не знае зошто, на никого не му е гајле“ 

GOLD
To Top