Новости

Занимливости

Жештините ги убиваат комарците во Финска

Фински експерти за инсекти велат дека невообичаеното топло лето во оваа нордиска земја зеде данок кај комарците, кои исчезнале во некои области, особено во Лапонија, на северот од земјата.

Јука Салмела од Покраинскиот музеј на Лапонија, за агенцијата АП, изјави дека топлотниот бран ги исушил типичните живеалишта на киомарците, како што се плитките езера и другите влажни подрачја, и дека сега тие се многу помалку отколку во претходните години.

Во Финска се забележува едно од најжешките и најсушните лета, а температурата во некои области достигнува и до 33 степени Целзиусови.

Високите температури се забележани и во областите над Арктичкиот круг, каде што има третина од површината на Финска.

Салмела рече дека благодарение на исчезнувањето на комарците, посетителите ќе уживаат многу повеќе во Лапонија, кои беа напаѓани од комарци во изминатите години од крајот на јуни до август.

Тој рече дека во Финска има околу 40 видови комарци.

GOLD
To Top