Новости

Занимливости

Запознајте го човекот кој ги чува клучевите од Ватикан

Секое утро, Џани Креа ги отвора вратите на историјата. Вистинска привилегија е да имате можност секој ден да се движите тука и секој ден да научувате по нешто ново – вели Џни Креа, главниот чувар на клучевите од музејот Ватикан. „Вие чекорите низ историјата и ги читате сведоштвата кои сите Папи до сега ги имаат зачувано“.

Џани Креа е одблиску запознаен со контурите на историјата. Речиси секое утро во изминатите шест години, тој ги отвора вратите на Ватикан. Тој го има искусено спокојот на Систинската капела во мугрите, ги има набљудувано сенките на Caravaggio и секојдневно им се восхитува на текстурите од антички Египет.

„Да, јас сум чуварот на клучевите, главниот чувар, но јас сум сепак само човек кој ги отвора вратите на еден музеј“ – вели Креа. „Јас ги отворам вратите кон историјата на уметноста и историјата на Христијанството – што всушност е најубавата и најголемата историја што постои во светот“.

Креа работи во Ватикан веќе 20 години, а како главен чувар на клучевите работи 6 години. „Кога ги држам овие клучеви во раце, носени низ коридорите на времето, во тој момент јас станувам одговорен за многу повеќе и за нешто многу поголемо од себе“. – вели.

Неговите утра започнуваат уште во 5:30 часот, во безбедниот бункер во кој се чуваат 2.797 клучеви. Креа и неговиот тим од десет помошнци секое утро и секоја вечер, отвораат и затвораат 300 врати, мобилизирајќи околу седумстотини вработени заедно со нив.

“Во главата ми е врежан мирисот кој ме очекува кога ќе ја отворам првата врата. Тоа е мирисот на историјата, мирисот кој го почувствувале луѓето многу пред ние да бидеме воопшто тука присутни. Ова е земјата по која тие чекореле, љубеле и на која плачеле“ – вели тој.

Под заштита на Ватикан се наоѓаат дестици илјади дела кои сведочат за преминот од античките до денешните модерни времиња, но можеби ниедно не е толку големо како седиштето на конклавата на Папата.

Креа се уште се сеќава на моментот и преплавеноста од емоции кога за првпат во друштво на некој поранешен чувар на клучевите влегле во Систинската капела, во 1999 година.

GOLD
To Top