Новости

Занимливости

Запознајте ја најбогатата жена на светот која сама си ги заработи милијардите

Најбогатата жена на светот која сама ги има заработено своите милијарди, без наследено богатство, кариерата ја почнала работејќи во фабрика за 16 долари месечно.

Ву Јаџун (55) се запишала на Универзитетот за политехника Нортвестерн во Сји кога имала само 16 години и добила диплома за инженер. По дипломирањето добила работа во државна фабрика во нејзиниот роден град каде работела четири години за плата од 16 долари месечно.

Во 1988 година, кога имала 24 години, решила да ја смени кариерата и почнала да пишува текстови за недвижнини за кинеската новинска агенција Shirong. Го работела ова пет години, период што според  The Economist бил „златното доба за профит“ на кинеските медиуми.

Во 1993 година, по низа проблеми во обидите да купи сопствен стан бидејќи во зградите недостигало или гасификација, или добро осветлување или функционален лифт, се инспирирала да отвори агенција за недвижнини што подоцна стана гигантот Longfor Properties, со сопругот Каи Куи.

Првата нерезиденцијална зграда ја продала во 2007 година по цена од 157 долари за квадратен метар, што било речиси двојно од просечните приходи со кои располагало едно просечно кинеско семејство на месечно ниво во тоа време.

Компанијата Longfor исто така е еден од иницијаторите за отворање на шопинг центри во Кина. Комапнијата денес има седиште во Хонгконг, со претставништва во 47 градови ширум Кина.

Денес Јаџун со 8,3 милијарди долари е најбогатата жена на светот која сама го стекнала своето богатство, според Bloomberg. Во ноември, 2017 година таа се повлече од позицијата главен извршен директор на компанијата и нејзиниот дел од 44% во Longfor ѝ го префрли на ќерка ѝ Каи Сјинји, која се претпоставува дека има 20-тина години.

Според Индексот на милијардери на Bloomberg, најбогата жена на светот е Франсоа Бетенкур Мејерс, наследничката на L’Oreal, чие богатство се проценува на околу 50,9 милијарди долари. Но, богатството на Франсоа е наследено, а Ву го стекнала сама.

Милијардерката е фамозно дискретна и мистериозна. Во 2003 година, бидејќи имало толку малку информации за неа, што името ѝ било погрешно напишано во листата на најбогати луѓе во Кина, а исто така ја имаат погрешно претставувано дека е маж.

На прашањето зошто одбегнува публицитет, Ву одговори: „Немам за што да зборувам. Јас сум само личност која се фокусира на својот бизнис.“

GOLD
To Top