Новости

Занимливости

Збогум Грампи – умре најпопуларната мачка на интернет

Мачката Грампи, ѕвездата на интернетот позната по својата намуртена фаца, умре во својата седма година, објавија нејзините сопственици.

Во соопштението пишува дека причина за смртта биле компликациите при лечењето на инфекција на уринарните канали.

Грампи се прослави во 2012 година кога нејзината фотографија од „киселиот“ израз на лицето станаа вирални на интернет и набрзо се направија бројни мемиња.

Вистинското име на оваа мачка беше Тардар Сос.

Нејзиниот израз беше последица на џуџестиот раст кај мачките, објасни сопственичката Табита Бундесен.

Грампи често гостуваше на телевизија, а во 2014 година имаше дури и главна улога во божиќен филм.

Музејот Мадам Тисо во Сан Франциско ја откри нејзината восочна фигура во 2015 година.

Нејзиниот Инстаграм пак, има преку два милиони следачи.

 

View this post on Instagram

 

Some days are grumpier than others…

A post shared by Grumpy Cat (@realgrumpycat) on

GOLD
To Top