Новости

Занимливости

Зошто се будите секоја ноќ во исто време?

Навистина е болно кога сѐ што ви треба е добар сон, а вие упорно се будите секоја ноќ во исто време. Вашето тело се обидува да ви каже нешто, а вие треба внимателно да слушате.

Се што треба да забележите е во кое време од ноќта ви се случува ова за да откриете што е тоа што ви го нарушува сонот.

Ако се будите меѓу 21:00 и 23:00

Ова сугерира дека преживувате исклучително стресен период. Во оваа рана фаза на сон, тоа што се будите периодично индицира на тоа дека потребен ви е начин да го канализирате стресот и лошото расположение. Пронајдете активност што ви го релаксира умот, како на пример јога.

Боенките за возрасни се одлична идеја, но добра музика, чаша вино или една епизода од омилената серија пред спиење исто така може да помогнат.

Ако се будите меѓу 23:00 и 01:00

Веројатно се будите бидејќи ви се оди во тоалет. Причината за ова е емоционална вознемиреност. Кога владее неред во нашите емоции, нашето тело најмногу страда, и тоа може да резултира со зачестени посети на тоалетот.

Идентификувајте ја емоционалната криза во која се наоѓате, и пронајдете начин да се справите со ефектите. Размислувајте позитивно, ослободете се од негативните сценарија и ставови кон нештата и нема да помине долго време пред да почувствувате промена на подобро.

Ако се будите меѓу 01:00 и 03:00

Нешто ве налутило. Сте допуштиле некому да ве вознемири и сега тоа ви го попречува сонот. Гневот никогаш нема да вроди со плод, па затоа ослободете се од него колку што е можно порано.

Сигурни сме дека ќе најдете доволно силен аргумент што ќе ви помогне да ја надминете ситуацијата, а откако ќе го направите тоа верувајте дека ќе спиете многу подобро.

Ако се будите меѓу 03:00 и 05:00

Тука можеби се работи за паранормална појава. Најголем број паранормални активности и појави се забележани и пријавени во 3 часот наутро. Вашето тело реагира на енергиите кои потсвеста може да ги почувствува, а вашиот ум се обидува да се поврзе со овие енергии.

GOLD
To Top