Новости

Занимливости

Зошто станот од култната серија “Пријатели” е во виолетова боја

Кога се споменува серијата „Пријатели”, веројатно на многумина им паѓа на памет станот во кој живееја Моника и Рејчел.

Дали некогаш сте се запрашале зошто авторите на серијата одлучиле дека станот треба да биде токму во виолетова боја, а не, да речеме, во бело? Постои многу интересен одговор.

„Додека го презентирав сетот и станот во кој ќе живеат нашите пријатели, претставив бела соба, а еден од продуцентите веднаш го постави прашањето: „Што ќе правиме со бојата?”, се присети дизајнерот Џон Шафнер во прилогот за „Great Big Story”. Мислам дека треба да го насликаме студиото во виолетова или лилава боја”, одговорив.

„Сите беа скептични додека не го покажав малиот „лилав“ модел. Многу е важно да го покажете идентитетот на серијата. Кога гледачот се префрла на „Пријатели“, тој ја гледа виолетовата боја и останува со серијата, затоа што лилавата боја привлекува и автоматски станот е првото нешто што ви доаѓа на ум кога ќе се сеќавате на култната серија“, вели дизајнерот.

„И не само тоа, луѓето се заљубија во станот толку многу што се обиделе да го најдат во Њујорк”, заклучил Шафнер.

GOLD
To Top