Новости

Занимливости

Истражување: Германците трошат осум милијарди евра за пиво годишно

Германците во просек трошат 100 евра за пиво или производи на база на пиво, по глава на жител. Тоа се вкупно осум милијарди евра годишно, посочува ново истражување на компанијата Нилсен.

Податоците се за минатата 2018 година, и велат дека целата таа година се продадени 6,1 милијарда литри пиво, што е за 2,9 отсто повеќе од претходната.

Во таа смисла, додека класичните брендови, како што се Пилснер и пченичните пива, се соочуваат со забавен пораст, безалкохолните пива и мешаните пијалаци стануваат сè попопуларни.

GOLD
To Top