Новости

Занимливости

Истражување: Луѓето и по смртта можат да слушаат

Ново истражување на Медицинската школа при Универзитетот „Стоуни Брук“ во Њујорк, посочува дека луѓето и по својата смрт можат да слушаат, на пример, како докторот ги прогласува за починати.

Кратко по смртта, човекот е „заглавен“ меѓу мртвото тело и мозокот кој сѐ уште работи. Типичен пример за тоа се луѓето кои поради срцев удар биле прогласени за клинички мртви, па потоа вратени во живот. Тие тврдат дека биле целосно свесни што се случува околу нив, смета Сем Парнија, предводник на научниот тим.

Тие имаат документирано стотици такви случаи, каде што луѓето по соочувањето со својата смрт, „од корен“ се менуваат себеси и својот живот, но тоа не е ни малку како во филмовите.

GOLD
SN Finansii
To Top