Новости

Занимливости

Како да проверите дали медот е природен?

Денес, многу лесно можете да станете жртва на измама и да купите вештачки мед наместо природен. За да заработат повеќе пари, производителите користат шеќер и разни адитиви за изработка на мед, кој со својот изглед и боја изгледа исто како и природниот. Во продолжение прочитајте како да дознаете дали медот е природен, бидејќи користењето на природен мед го снабдува организмот со сите корисни состојки.

Тежина

Висококвалитетниот мед е тежок. Во тегла од 1 литар, тој би требало да тежи повеќе од 1,4 килограми.

Тест со кристализација

Кристализацијата на медот е природен процес и не ја менува вредноста на вкусот и придобивките за здравјето. Доколку по 3 месеци надвор од теглата тој не почне да кристализира, постои голема веројатност дека тој мед е загреван и ги изгубил своите вредни својства.

Тест со растворање

Истурете една лажичка мед во шолја со ладна вода. Доколку медот се раствора нерамномерно, создавајќи линии во водата, тогаш станува збор за мед со низок квалитет.

Тест со фломастер

Ставете капка мед на раката и со мекиот врв на фломастерот допрете до медот. Доколку тој ја промени бојата, тогаш тој мед не е природен.

 

 

 

 

 

Извор: Кафе пауза

GOLD
To Top