Новости

Занимливости

Како правилно и лесно да се грижите за дрвото на парите, за да го привлечете богатството во вашиот дом

Сите ние сме слушнале за дрвото на парите и неговата моќ да му овозможи на сопственикот подобро финансиски услови. Но, како и секое растение, така и за ова чудесно дрво, потребна е редовна и правилна грижа.

Експертите од областа на биоенергијата велат дека уште во првата минута од засадувањето на дрвото, потребно е да го држите растението на поблизу до вас, за да истото ја прими вашата енергија. Должината на гранките кои може да ги откинете од растението треба да бидат најмалку 4 центиметри долги.

Постојат неколку варијанти како може да го пресадите дрвото, користејќи ги откинатите гранчиња. Во продолжение одберете го оној кој најмногу ви одговара вам:

  1. Тоа може да биде едноставно чаша со вода
  2. Или чаша покриена со влажен песок
  3. Оранжериски ефект: Саксија одозгора покриена со полиетиленска фолија

Во однос на почвата, најдобро е да изберете песочна почва за ефикасно засадување на дрвото на парите. Неговиот вид е сличен на кактусот, при што може да ја задржат влагата на подолг временски период.

Што се однесува до саксијата, изберете наједноставна, притоа да не биде длабока и на нејзиното дно поставете мали камења, за подобра дренажа. Се препорачува дрвото на парите да се засади во текот на есенскиот или пролетниот период, а честото полевање со вода не е неопходно. Едноставно може да ги прскате со вода неговите листови еднаш неделно.

Најдобро е да го поставите растението близу до прозорецот, но не заборавајте дека доколку само една страна постојано е изложена на сончеви зраци, таа страна ќе расте повеќе и побујно, па затоа потребно е од време на време да го свртите растението, за да и двете страни поеднакво бидат изложени на Сонце.

Може да го потхраните растението со ѓубрива, кога ќе забележите дека му е потребно на дрвото.

Воедно, поради неговата посебна и чудесна моќ, важно е да знаете кои се препораките за ова дрво, според фенг-шуи:

  • Доколку сакате да ги зголемите вашите финансии, поставете неколку монети на дното од саксијата;
  • Дури и бојата на саксијата игра важна улога. Изберете црвена, портокалова или кафеава саксијa;
  • Поставете го во насока на југоисток;
  • Полевајте го растението исклучиво во Среда;
  • Декорирањето на самата саксија дополнително ќе ги привлече парите;
  • Доколку листовите на дрвото станат густи и бујни, тогаш ве очекува среќа и големо богатство, а доколку не, тогаш ве очекува спротивното.
GOLD
To Top