Новости

Занимливости

Како ќе изгледа земјата за 1 милијарда години?

Никој не може со сигурност да каже што носи иднината, но во видеото кое ќе го погледнете се вклучени сите предвидувања од научна основа кои можат да и се случат на Земјата во следните милијарда години.

Реалноста е дека е многу малку веројатно дека некој ќе биде присутен за да сведочи на промените кои ќе дојдат, па замислете дека некои од нив се и далеку потопло Сонце, а Монт Еверст нема да биде највисоката планина на нашата планета.

Видеото кое трае 7 минути веќе е погледнато од 1.6 милиони луѓе и тоа за само 2 дена. Застапено е и предвидувањето дека за 2 милиони години, луѓето на различни планети ќе еволуираат во други видови кои можеби нема да имаат познавање за постоење на ваквата форма на луѓе или пак, други видови различни од нив.

Со други зборови, ние ќе станеме вонземјани. Со оглед на тоа дека Земјата толку многу е променета од периодот кога предците почнале да се развиваат во Африка, сите овие предвидувања звучат прилично реално.

Погледнете го видеото за повеќе детали:

Извор: Факултети.мк

 

Евротип
Евротип
To Top