Новости

Занимливости

Капетан тврди: Титаник не потонал поради судир со санта мраз

Британскиот патнички брод Титаник потона на 14 април 1912 година, за време на своето прво патување од Саутемптон до Њујорк.

На бродот на капетан Џон Едвард Смит, имаше околу 2.200 патници, во моементот кога се судри со санта мраз. Во несреќата животот го загубија 1.500 луѓе.

Но, дали таа приказна е вистина, спори поранешен професионален капетан, кој има искуство со пловидба во водите на северниот Атлантик – местото каде потона Титаник.

Капетанот Л.М. Колинс издаде книга “Потопувањето на Титаник, перспективата на ледениот пилот“, во која изнесе три причини поради кои тој не верува дека Титаник бил потопен поради мраз.

„Прилично сум уверен дека не еможно бродот да удрил во санта мраз. Место тоа, Титаник е жртва на арктички леден слој. Арктичкиот мраз е повеќегодишен, многу тврд“, вели тој.

„Бројни бродови потонале на тој начин, со пробивање на трупот. Нема сигурни докази дека Титаник удрил во санта мраз.

Капетан Колинс во книгата детално г опишува десетте минути пред потонувањето, вели дека два морнари забележале измаглица на хоризонтот, која се протегала на 20 степени од двете страни на бродот.

Колинс тврди дека тоа што го виделе не била измаглица туку појас од мраз.

Исто така, различни офицери пријавиле различна исочина на непостоечката санта мраз.

Капетан Колинс верува дека оваа разлика во висина е оптички феномен што се јавува на рамно море и ектремно студено време, а позната им е на наутичарите.. Таа ги искривува објектите на линијата на морето и ги прави многу високи.

Колинс појаснува дека тоа што е познато како Бернулиев ефект значи дека тоа не е возможно.

Според него, ако бродот пловел со бризна од 11 метри во секунда и урдил во санта мраз, немало да потонува со часови, туку ќе потонел за неколку минути.

GOLD
To Top