Новости

Занимливости

Карта за „Утопија“ само ако имате милион долари на сметка

За сите богаташи кои сакаат крстарење, крузерот „Утопија“ има понуда што е достапна само за оние кои имаат барем еден милион долари на сметка.

Бродот долг речиси 296 метри уште се гради во Јужна Кореја, а кога ќе биде завршен ќе има 190 апартмани опремени со најлуксузни удопства вредни од 4 до 36 милиони долари.

Собите ќе бидат уредени со најфини парчиња што ќе ги задоволат очекувањата и на најексклузивните клиенти.

На бродот за крстарење ќе има медицински центар, продавници, казино, ноќен клуб, теретани и многу други содржини.

За оние кои немаат милион долари на сметка, „Утопија“ ќе функционира и како хотел, односно на бродот ќе има и  206 хотелски соби што ќе функционираат кога бродот ќе биде закотвен.

Бродот е дело на Дејвид Роб, успешен економист кој завршил на универзитетот Харвард, а изградбата на крузерот ќе го чини милијарда долари.

„Станува збор за најголемата јахта на светот. Крузерите се градат за да траат 25 до 30 години. Ние ја правиме ‘Утопија’ да трае повеќе од 100 години. Нема нешто такво на светот“, вели тој.

За првото патување веќе се пријавиле над 100 милионери.

GOLD
To Top